Работнички ја надигра Подгорица и ја слави првата победа во АБА2

По убедливиот пораз на стартот од АБА2 сезоната, екипата на Работнички ги запиша првите бодови во ова натпреварување, откако заслужено со 70-76 славеше на вечерашниот натпревар против Подгорица. 

Момците на Димитар Мираковски отворија моќно. По првите пет минути примија само два поени и се одлепија на +12 (2-14), а во ист ритам ја доиграа првата четвртина и на пауза заминаа со убедливи плус 20 поени (12-32). 

Во овој период во редовите на македонскиот тим блескаше американското засилување Вашингтон, кој ја водеше екипата и во вториот квартал и со 14 поени беше најзаслужен за водството од 33-48 на полувреме. 

За разлика од првите две четвртини, кои ги одигра речиси перфектно, во третата нашиот претставник влезе во мала криза и дозволи Подгорица влезе во серија и во финалните 10 минути тргна со негатива од само девет поени (53-62). Иако црногорскиот тим беше во налет, Работнички знаеше како да ја одигра последната четвртина и заслужено ја извојува првата победа во ова натпреварување. 

Питс со 21 и Вашинготн со 19 поени беа најпрецизни во редовите на Работнички, додека солидн партија имаа и Балмазовиќ (12) и Враговиќ со 11 коша.