• Мартин Танасковски

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, екипата на Работнички, по долги години се враќа во Европа. Во рамки на Еврокупот на ФИБА, тимот од Градски парк ќе се соочи со руска Парма, која за првпат во историјата ќе игра Европа.
Од таборот на Русите имаат само почит за Работнички и велат дека македонскиот тим игра типична балканска кошарка. Стратегот Николаис Мазурс потенцира дека ростерот на центарци уште не е комплетиран, но дека се работи за тим кој има искусни кошаркари и сигурно ќе биде тешко да се елиминира.
„Македонците играат типична балканска кошарка: Повеќе се потираат на тактика и искуство, отколку брза игра и трчање. Во тимот на нашиот противник има искусни кошаркари, а клубот формира и ростер за понатаму, што значи дека засилен, со тројца до четворица искусни кошаркари, ќе има солиден тим. Повеќе информации ќе може да кажеме во септември кога се ќе биде готово“, вели Мазурс.
Првиот натпревар меѓу Парма и Работнички се игра на 20 септември во салата во Перм, додека реваншот ќе биде за седум дена во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“.