Работнички и Пелистер имаат прва меч-топка за полуфинале

По одигрувањето на првите два натпревари, извесно е дека во серијата во која разигруваат екипите на ТФТ Моцарт и на Чаир 2030 ќе се одиграат уште најмалку два. „Црно-белите“ се единствените кои направија „брејк“, односно победија на гостински терен, со тоа обезбедија два натпревари на домашен терен. Првиот е веќе во недела од 12>30 часот, ќе се игра во СРЦ „Кале“, на кој ТФТ Моцарт ќе има шанса да направи комплетен пресврт против подоброрангираниот противник.

Од друга страна, екипите на Работнички и на Пелистер ќе се обидат да ги „затворат“ сериите од четвртфиналето во кои имаат големи (2-0) против Феникс 2010 односно Еуро Никел 2005. На дуелот закажан во сабота навечер (од 20:30 часот) во СЦ „Јане Сандански“, кошаркарите на Феникс 2010 се во една императивна ситуација, мораат да излезат како победници против фаворитот. Тоа и го покажаа на претходните два натпревари одиграни во текот на изминатите седум дена во кои беа блиску до изненадување.

Во слична стуација е и екипата на Еуро Никел 2005 која на двете гостувања во Битола имаше две различни изданија, па на дуелот предвиден за недела, од 18:00 часот, и се игра во „Јасмин“ ќе се обидат да обезбедат уште еден, на истото место – во Кавадарци.

Поради обврските, кои успешно ги реализираа во четвртфиналето на плеј-офот во АБА2 лигата, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром овој викенд, поточно во сабота, од 18:00 часот, против Гостивар, ќе го одиграат и вториот натпревар од четвртфиналето на „нашиот“ плеј-оф.

Прва лига
Плеј-оф, четвртфинале
Сабота:

20;30: Феникс 2010 – Работнички (0-2)
Недела:
12:30: ТФТ Моцарт - Чаир 2030 (1-1)
18:00: Еуро Никел 2005 – Пелистер (0-2)

Заостанат натпревар:
Сабота:

18:00: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар (1-0)