Работнички и МЗТ Скопје во второто коло ќе бараат први победи во АБА2 лигата

Работнички и МЗТ Скопје денес ќе ги одиграат дуелите од второто коло во втората АБА лига. Во спортската сала во Златибор, без присуство на публика се играат воведните натпревари од вториот ранг на јадранската лига, а македонските екипи ќе бркаат прва победа.

Центарците први ќе истрчаат во дуелот од второто коло, каде ќе се пресметаат со ривалот на МЗТ од воведната рунда. По високо загубениот дуел од Студентски Центар (98-69), ќе се обидат да стигнат до премиерен триумф на Јадранот против Подгорица. Средбата на Работнички со црногорскиот противник е закажана со почеток од 17:00 часот. 

Вечерниот термин од 21:00 часот, ќе им припадне на кошаркарите од Аеродром. МЗТ Скопје, слично како градскиот ривал ќе брка прва победа во втората АБА лига. Откако беа поразени од идниот противник на Работнички, Подгорица во трилер завршница со 74-72, втора шанса во Златибор имаат против Сутјеска. Противникот на „штрковите“ на стартот загубија од домаќинот Златибор (78-82), па аптетитите и кај нив се високи. 

Време за одмор нема да има премногу и по денешните дуели Работнички за два дена игра против Ловќен, па за четири со Работнички. МЗТ од друга страна имаше среќа и ќе има по три дена одмор меѓу дуелите прво со Широки Брег, па со Борац.