Работнички го украде талентираниот Стојановски од МЗТ Скопје

Екипата на Работнички продолжи да формира екипа за сезоната која следи, па по неколкуте странски имиња донесе и едно домашно. Се работи за талентираниот Бојан Стојановски кој доаѓа од ривалот МЗТ Скопје.

19-годишниот младински репрезент на Македонија последната сезона ја мина во У19-тимот на МЗТ Скопје со кого низ кариерата настапуваше и во младинската АБА лига. Имаше зад себе импресивни бројки, просек од 17 поени, 4,5 скока и 6,5 асистенции по меч.

Работнички во ростерот за новата сезона ги има и Имран Потулак, Оливер Двојаковски, Дамјан Робев, Његош Сикираш, Михајло Јовичиќ, Весли Персон Џуниор, Амар Хот и Андреј Шошкиќ.