Работнички го обезбеди потписот на центарот Атанасов од Војводина

Второ засилување во два дена за македонскиот кошаркарски вицешампион Работнички. Вчера беше договорен Американецот кој настапуваше во Австрија, Хајден Лесколт, а денес центарци постигнаа договор со Теодор Атанасов.

Крилниот центар доаѓа од Војводина, а минатата сезона му беше една од најпозитивните во кариерата. 23-годишниот Атанасов бележеше 10,4 поени и 4,4 скока во српскиот шампионат. Тој се надоврзува на новајлиите Главчев и Стефан Глигоријевиќ и од првиот ден на подготовките ќе им се приклучи на новите соиграчи. 

Работнички долго време беше пасивен, но сега најавува амбиции за висок пласман во шампионатот на Македонија 2019/20.