Работнички го договори Николовски, ќе дебитира против МЗТ

Екипата на Работнички доби големо засилување пред продолжението на сезоната во Првата лига и стави потпис на договор со центарот Кирил Николовски.

Корпулентниот кошаркар беше дел од екипата на Карпош Соколи, но по егзодусот кој го снајде тимот и големата финансиска криза која ги зафати „соколите“ по крајот на локалните избори и промената на општинската власт реши да ја менува средината.

Николовски ќе игра во „Градски парк“ до крајот на оваа сезона, а дебито во црвено-белиот дрес ќе го има по репрезентативната пауза против вечниот ривал и свој поранешен клуб МЗТ Скопје (2 декември).