Работнички го договори Димитар Караџовски од Куманово

Еден од најдобрите кошаркари на Куманово и македонски репрезентативец, Димитар Караџовски ги договори личните услови со Работнички и недостига само официјализација за овој трансфер, кој може многу работи да промени воочи плеј-офот. 

Караџовски сезонава одигра 20 натпревари со просек од 14,4 поени, 5,6 асистенции и 3,8 скока. Репрезентативецот ќе му биде од голема корист на Марин Докузовски, кој водејќи ги центарци нема ниту еден пораз во шампионатот, но го загуби финалето на Купот од МЗТ Скопје.

Официјализација се очекува деновиве и деби на Караџовски во новиот клуб следната недела.