Работнички го доби трилерот во „вечното дерби“ против МЗТ на стартот од сезоната

Екипата на Работнички го доби првото „вечно дерби“ во новата сезона над МЗТ Скопје со резултат 94-90, со што најавија нова интересна сезона во Првата лига на Македонија. Натпреварот во „Градски Парк“ беше крајно неизвесен, а домаќинот подолго беше во предност и на крајот успеа да победи.

Ривалите од Скопје одиграа крајно неизвесен дуел, со многу промени во водството, возбуда и убави потези. Центарци подобро отворија и ја имаа воведната предност. Тие со неколку мини-серии стигнаа и до првата двоцифрена разлика, која ги достигна највисоките +15. Почетниот шок на МЗТ траеше до крајот на првиот период, но заврши со стартот на вториот.

Гостинот со серија од 0-10 стигна до егал и најави интересен натпревар во Дебар Маало. До полувремето ниту еден тим не успеа да се одлепи, па највисоката предност беше четири поени за МЗТ, а на пауза се замина со нерешени 45-45. 

Вториот дел стартуваше слично како што заврши, со размена на поени и игра кош за кош. Така остана во текот на сите десет минути, со исклучок на последните секунди кога Работнички поведе со 71-66 во очи последната четвртина.

Избраниците на Димитар Мираковски успеваа и во завршниот период да ја одржат предноста, со исклучок на три моменти кога МЗТ водеше со по еден поен. Иако на крајот Работнички доби техничка плус напад и направи плус три, погреши во следниот напад, а Олуџоби и Готчер донесоа минимална предност пред завршите секунди. 

На седум секунди до крајот при резултат 91-90, Готчер доби шанса од линијата за слободни фрлања, ама ги промаши двете и испушти шанса за пресврт. На спротивната страна Гравет направи техничка грешка и му ја даде шансата на Питс за два пови поени и решавање на мечот.

Најефикасен играч на натпреварот беше Демиер Питс со 29 поени на своето конто, а во Работнички му помогнаа Белмазовиќ (19) и Вашингтон (17), додека Олуџоби кај МЗТ запиша 19, а Магревски 17.