Работнички го доби Кожув и стави крај на „црната“ низа!

Кошаркарите на Работнички по пет порази во низа се радуваа во Суперлигата на Македонија. Скопскиот тим славеше на домашниот меч против екипата на Кожув со 99-92 во рамките на 15. коло. 

Тимот од Градски Парк својот домашен натпревар од оваа рунда го одигра во салата на Феникс, а успеа да го испрати гостинот од Гевгелија дома со празни раце. Стартот на средбата беше израмнет, но потоа Работнички влезе во ритам и диктираше темпо. Во втората четвртина домашните поведоа со дотогаш највисоки „плус 12“, а потоа гевгеличани со добра серија се вратија во мечот и на пауза се замина со 52-48. 

Работнички го издржа налетот, иако ривалот пријде и на поен негатива. Успеа скопскиот тим пак да изгради водство и стигна пак на двоцифрени 72-62. Во решавачката четвртина Кожув пак се обиде да се врати, ама најблизу стигна на пет поени негатива. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Работнички и Кожуф:

Роберт Рикиќ одигра моќна партија во два правци, уфрли 34 поени и фати 14 скока, додека кај Кожув се истакна Бојчев со 21.