• Иван Димовски
Кошаркарскиот клуб Работнички договори одлично засилување за втората полусезона во македонската кошарка.
Нов член на тимот од центарот на Скопје е Миљан Марковиќ. Станува збор за 32-годишен висок играч кој ги покрива центарските позиции, а доаѓа во редовите на Работнички од рускиот Барнаул, клуб кој се натпреварува во тамошната Суперлига.
За овој клуб Марковиќ сезонава одигра само шест меча со просек од 10,2 поени и 5,2 скока.
Инаку, минатата сезона Марковиќ пролетта ја мина во кошаркарскиот клуб Кожув, а има играно уште за Комарно, Златорог, Младост, Борац, Вогошча, Бошњак Хаџичи, Тамис, Варда, Радник, Раифаизен Грац и Хелиос Санс.