Работнички добива нов словенечки шутер од Цедевита Олимпија

Најтрофејниот кошаркарски колектив, екипата на Работнички, добива големо засилување за продолжението од сезоната. Нов играч на центарци е 32-годишниот Мирко Мулалиќ од Словенија, кој треба да донесе голем квалитет во шутерската линија.

Работнички остана без Вашингтон, па мораше да се бара некој да ги надополни неговите поени. Мулалиќ доаѓа како слободен кошаркар, а последен пат го носеше дресот на Цедевита Олимпија.

Покрај за тимот кој направи словенечко-хрватска фузија, Мулалиќ настапуваше и за Балкан, Приморска, Крка, Хопси, Гросупље, Велике Лашче, Геоплин Слован, ТЦГ Меркатор и Триглав.

Центарци нема да го затворат ростерот со овој играч, туку се планира уште најмалку едно ново засилување.