Работнички доби „вајлд-карта“, Македонија со три претставници во АБА2 лигата

Македонија ќе има три репрезенти во регионалната АБА2 лига во името на МЗТ Скопје, Пелистер и Работнички кој издејствува да добие „вајлд-картата“.

Центарци добија покана да играат во АБА2 лигата и тоа во нов формат. Исто како и во АБА лигата, така и во АБА2 во новата сезона ќе има шеснаесет екипи, ама по четири години нема да се играат „балони“, туку ќе се играат мечеви дома и гости.

По четири екипи ќе се поделат во четири групи (А, Б, Ц и Д).  Пред ждрепката екипите се поделени во четири шешири. МЗТ Скопје е носител, Пелистер е во третиот, а Работнички во четвртиот шешир.

Прв шешир: МЗТ Скопје, Подгорица, Војводина, Златибор
Втор шешир: Борац, Хелиос Домжале, Сутјеска, Широки
Трет шешир: Цедевита, Босна Илирија, Пелистер
Четврти шешир: Шибенка, Теодо, Работнички, Вршац

По првата групна фаза во која ќе се игра во системот дома-гости, по два тима од секоја група одат понатаму во ТОП-8, каде се формираат две групи - Е и Ф. По два тима од овие групи одат во полуфинале во кое се игра до две победи, а исто е и со финалето.