Работнички демонстрира сила и ја декласира ФМП Академија

Кошаркарите на Работнички се радуваа на убедлива победа над ФМП Академија со 99-52 во рамките на 18. коло на Првата македонска кошаркарска лига. Тимот од Градскиот парк на Скопје не си дозволи изненадување, не остави ништо на случајност и во целост го надигра ривалот. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Работнички и ФМП Академија:

Средбата тргна добро за Работнички кој почна рано да гради предност. Момците на Самарџиев отворија со 13-6, а потоа следеше исчекор и водство од 24-10. Втората четвртина беше за заборав за кошаркарите на ФМП бидејќи уфрлија само седум поени, тоа ривалот знаеше да го казни и замина на навистина убедлива разлика (47-17). 

Ниту во продолжението од мечот номиналниот гостин во СРЦ „Кале“ немаше сили да парира. Работнички чекореше сигурно, предноста растеше и достигаше нови висини. На крајот фаворитот славеше со највисокото водство на мечот од вртоглави 47 поени разлика. 

Ѓорѓе Џелетовиќ беше најдобар на паркетот со „дабл-дабл“ од 18 поени и 10 скока, додека кај ФМП се истакна Дмитровиќ со 12.