• Иван Димовски
Кошаркарската федерација на Македонија објави дека е започната продажбата за натпреварот против Ирска кој ќе биде одигран во јули во претквалитикациите за Евробаскетот во 2029 година.
Иако има уште повеќе од два месеци до натпреварот, од федерацијата објавија дека билетите се продаваат преку сервисот на „МКТикетс“. Пресметката ќе се одигра во реновираната сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.
Цената на влезниците ќе биде по 200 денари за сите трибини во салата. Натпреварот се игра на 2 јули со почеток од 18:00 часот.
Македонија досега има четири победи во овој прв филтер од квалификациите, па е на добар пат да го обезбеди водечкото место.

