Пурвис со тројката на три секунди до крајот донесе триумф за Кожув кај Тиквеш

Екипите на Тиквеш и Кожув одиграа навистина интересен натпревар во рамките на второто коло од Првата македонска лига, а победата на крајот замина кај гостинскиот тим, кој славеше со конечен резултат 70-72.

  • Комплетниот натпревар помеѓу Тиквеш и Кожув: 

Првото полувреме понуди прилично израмнета игра на двете страни, на паузата домаќинот имаше два поени предност, (38-36), но во вториот дел видовме поникаков пристап и поголема неизвесност. Гостите од Гевгелија одиграа одличен трет период и за момент го презедоа водството, но Тиквеш потоа ја отвори последната четвртина со серија од 8-0 и најави драматичен финиш. 

На три минути до крајот резултатот гласеше 66-69, но со поените на Џексон, Тиквеш потоа дојде до 70-69. Следуваа два нереализирани напади на двете страни и малку конфузна игра, во која среќниот крај го извлекоа гостите, кои победија со тројката на Родни Пурвис и го заокружија мечот со конечни 70-72. 

Најдобар поединец кај Тиквеш беше Петар Бошалески со 17 поени, а на спротивната страна еден поен повеќе имаше херојот Родни Пурвис.