• Сашо Поповски

Џордан Пул направи потег кој предизвика повреда кај најдобриот играч на Мемфис Гризлис, Џа Морант.
Голден Стејт Вориорс одново поведе во серијата и запиша триумф на домашен терен. Натпреварот го одбележа моментот кога гостинскиот кошаркар го повреди десното колено и мораше да замине во соблекувална.
Следниот дуел исто така се игра на теренот на „воините“, кои имаат предност од 2-1 во западното конференциско полуфинале.