Пукна „бомба“ во Москва: Шенгелија заминува од ЦСКА!

ЦСКА Москва

Грузискиот кошаркар Торнике Шенгелија најави заминување од екипата на ЦСКА Москва, поради инвазијата на Русија врз Украина.

Ѕвездата на „армејците“ заедно со своите најблиски замина во Шпанија, каде се очекува да се задржи во наредниот период.

„Оваа одлука ја донесов во знак на протест против руската инвазија на Украина. Не сакам да играм за клуб на руската воена армија“, рече Шенгелија.

Грузиецот пристигна во Москва пред две години, од редовите на Басконија. Засега нема потврда дали одново ќе ја продолжи кариерата на шпанско тло.