• Иван Димовски
Утрово во НБА лигата пукна голема „бомба“ на трејд маркетот, бидејќи Минесота Тимберволвс се откажа од Карл Ентони Таунс.
Ѕвездата ќе ја продолжи својата кариера во редовите на Њујорк Никс, додека во спротивен правец одат Џулиус Рендал и Деонте Дивиченцо, како и пик од прва рунда за иднината. Ова е големо изненадување бидејќи 28-годишниот Таунс беше член на Минесота од 2015 година. Тој се етаблира во еден од лидерите на тимот и поради тоа е чудна одлуката да се откажат од него.
Самиот Таунс е шокиран од одлуката на неговиот клуб. Тој на социјалните мрежи објави само кратка објава во која стави три точки, па иако не кажа ништо - кажа сè!
…
— Karl-Anthony Towns (@KarlTowns) September 28, 2024
Веќе некое време Минесота размислуваше дали да се ослободи од некоја од скапите ѕвезди, со цел да го надогради тимот со повеќе кошаркари. Сега, тоа го исполни и Таунс заминува во нов предизвик, а Тимберволвси добија две квалитетни и искусни имиња.