ВИДЕО: Пукање и четири ранети лица на шампионската парада во Торонто

Торонто пукање

Новиот НБА шампион, Торонто Репторс, вчера ја прослави титулата со своите навивачи на улиците низ градот.

Илјадници фанови се појавија да се радуваат на историскиот успех на екипата, но настанот не помина без инцидент. 

Имено, полицијата уапси три лица кои пукаа и направија хаос во гужвата. Резултат од сето тоа беа четирите ранети лица и запленети две огнени оружја.

Тимот од Канада стигна до победа во НБА финалето со 110-114 на гостувањето кај Голден Стејт за конечни 4-2.