ВИДЕО: Првпат една кошаркарка запиша „трипл-дабл“ во ВНБА лигата

Пробиена е уште една бариера во женската кошаркарска ВНБА лига. Индијана Фајв го победи Њујорк Либерти со 83-78, а Кејтлин Кларк имаше историска вечер и оствари прв „трипл-дабл“ во најсилната женска кошаркарска ВНБА лига од постоењето.

Првиот пик од драфтот во 2024 година и кошаркарката која го сврте погледот на јавноста кон ВНБА оствари рекордно и историско достигнување на еден меч од 19 поени со 12 скока и 13 асистенции.

Кларк на тој начин стана првата кошаркарка која постигнала популарен „трипл-дабл“. Таа сезонава има просек од 16,1 поен, 6 скока, 7,4 асистенции и 1,4 украдени топки по натпревар.