• Саше Љолес

Регионалните медиуми ја пренесуваат веста дека белградски Партизан е многу близу до договор со досегашниот плејмејкер на Валенсија, Крис Џонс.
Американецот минатата сезона одигра солидно во Евролигата и просечно бележеше по 12,7 поени, 4,2 асистенции и 2,1 скокови. Се очекува да биде големо засилување за следната сезона, а официјализацијата на трансферот треба да се случи до крајот на оваа недела.
Претставници на Партизан деновиве изјавуваа дека се во завршни преговори со неговиот агент и очекуваат играчот да пристигне во Белград на петти јуни. 31-годишниот Крис Џонс ја започна кариерата во Старвингс Базел, а потоа играше уште за Монс, Бурсаспор, Макаби Тел Авив, Асвел и Валенсија.