• Зоран Мишевски

Третото коло од Шпаркасе Лајф Првата лигa во женска кошарка со себе го носи и дуелот на веројатно, во овој момент, двете најдобри екипи во женскиот сегмент.
Вечерва од 19.часот, во салата „Бранители“ и во реприза на ланското финале, кошаркарите на Крива Паланка го дочекуваат актуелниот бранител на шампионската титула Баскет кам. По две одиграни кола двете екипи имаат и максимален ефект - две победи во исто толку натпревари, и извесно е дека победникот на овој дерби-меч, ќе го задржи победничкиот ореол.
Во изминатиот период, кошаркарките од Крива Паланка имаа и дополнителни обврски, односно гостување во Хрватска, каде одиграа уште два натпревари во ВАБА 2 конкуренцијата, поради што својот натпревар против МЗТ Бела вода го одиграа пред три деба, но квалитетот кој го има на располагање тренерот Виктор Петровски, им овозможи да задржат добар дел од енергијата потребна за овие 40.минути.
Во сенка на овој натпревар се преостанатите три од ова коло. Во саботниот термин, од 16:30 часот, ќе играат екипите на Пробаскет и на Патриот 2016, а нешто подоцна во скопската пресметка ќе се сретнат екипите на Вардар и на МЗТ Бела вода.
В недела во салата „Независна Македонија“ ќе играат Бадел 1862 и Спорт тим од Неготино.