ВИДЕО: Првиот пик на драфтот задрема на клупата „чекајќи“ го своето деби

Зион Вилијамсон беше прв пик на минатогодишниот драфт, кога беше одбран од Њу Орлеанс Пеликанси. Сепак, младиот играч сè уште нема ниту еден настап во НБА лигата, бидејќи беше подложен на операција на коленото минатата година. 

Сега кога речиси заздрави и è пред деби за Пеликанси, камерите го фатија како „задрема“ на клупата за резервни играчи. Иако имаше шпекулации дека тој на дуелот против Детроит може да ги запише првите минути, сепак во цивилна облека седеше на клупата. 

  • Видео од Зион на клупата: 

Американецот играше за колеџот Дјук, а неговото појавување во најсилната светска лига се најавува веќе долго време.