• Горан Упале

Небојша Човиќ, претседателот на кошаркарскиот клуб Црвена Звезда, ги коментираше резултатите на тимот во тековната сезона и со својата изјава ги изненади приврзаниците на српскиот шампион.
Во петокот „црвено-белите“ претрпеа пораз од Барселона (85-79) и практично ги загубија сите шанси за ТОП 8 фазата во Евролигата.
„Ние ја носиме најголемата одговорност. Загубивме голем број натпревари на необичен начин. Кошмарна сезона, но сепак остануваме во рамките на целите што ги поставивме. Еден освоивме, ни претстојат уште два трофеи. Никогаш не бевме „запалени“ на фајнал-ејт. Лаици во вид на ѓубриња позиционирани во кошарката ни припишуваат рекреативни натпреварувања и тоа што Црвена Звезда има не знам колку пари. Го издржавме секој удар кој ни беше зададен оваа година“, рече Човиќ.
Црвена Звезда до крајот на регуларниот дел од сезоната во Евролигата треба да ги одмери силите уште со Басконија, Валенсија, Асвел, Олимпијакос и Фенербахче. Клубот од Мали Калемегдан е 14-ти на табелата со скор 12-17.