ВИДЕО: Првата победа на Вардар над Шкупи во сенка на масовна тепачка!

Екипата на Вардар ја запиша првата победа во плеј-аутот, го совлада Шкупи со кош во финишот (87-85), но триумфот на веќе новиот второлигаш остана во сенка заради немили настани.

По победата на вардарци, изби масовна тепачка на теренот. Кошот за победа го даде Христијан Настовски, па членови на стручниот штаб на двете екипи влегоа во клинч, тоа се претвори во масовна тепачка.

Инцидентите траеја долго, а по некое време се смирија, благодарение на кошаркарите и на останатите членови кои ги вадеа актерите од теренот.