Првата ѕвезда на Оклахома го надмина Јокиќ и е нов лидер во трката за МВП титулата

Шеј Гилџес Александер прикажува сјајни игри во дресот на Оклахома Сити Тандер, а тоа се потврдува и со фактот што го стигна Никола Јокиќ на листата со најсериозни кандидати за МВП признанието. 

Наградата за најкорисен играч во НБА лигата трипати завршуваше во рацете на „џокерот“ од Денвер, но Александер сезонава претставува сериозна конкуренција за Србинот, и според обложувалниците тој е сега подеднакви шанси во оваа трка. 

Асот на Оклахома има просек од 31 поен, 5,4 скока и 6,1 асистенции. Овој учинок е за нијанса послаб од оној на Јокиќ, но моменталната ситуација потекнува од последните неколку натпревари одиграни во текот на декември. 

Јокиќ сигурно до самиот крај ќе биде меѓу двајцата главни кандидати за МВП признанието, па тука очекуваме неизвесност и драма во завршницата од регуларниот дел на сезоната. 

Најнови вести од
НБА, САД