• Саше Љолес
Јанис Адетокумбо испрати емотивна порака што ја разгоре дилемата дали се „простува“ од дресот на Милвоки Бакс, каде настапува веќе тринаесет години.
Ѕвездата на Бакс објави кратка, но силна порака упатена до навивачите и градот Милвоки, во која им се заблагодари за „непоколебливата љубов и поддршка“. Токму овој дел од објавата предизвика лавина реакции, бидејќи многумина ја протолкуваа како можен навестување за крај на неговата ера во клубот.
Сезоната за Милвоки беше разочарувачка, проследена со лоши резултати, проблеми во тимот и гласини за незадоволство кај главната ѕвезда. Во таков контекст, секоја негова изјава дополнително ја подгрева неизвесноста околу иднината.
Иако Адетокумпо не кажа директно дека заминува, пораката остава простор за различни толкувања. Дел од јавноста смета дека станува збор за благодарност по тешката сезона, додека други веруваат дека ова е вовед во можно заминување во наредниот период.
Засега нема официјална потврда за негово заминување, но ова сценарио се споменува веќе неколку месеци. Ако Бакс не успеат да го задржат својот најдобар играч, навивачите се плашат од целосен распад и долгогодишна „реконструкција“ на тимот.






