ВИДЕО: Првата ѕвезда на Јута се повреди, едвај излезе од теренот

Донован Мичел е најдобриот поединец на Јута Џез која игра сезона од соништата. Лидерот во Западната конференција на теренот најчесто го предводи токму Мичел, а синоќешната победа против Индијана си зеде данок. 

Иако Мичел играше одлична партија, по 21 минута на теренот мораше да го напушти мечот. Во обид да пресече пас на противничка половина, лошо падна и заработи истегнување на зглобот. Повредата не изгледаше ниту малку наивно, а соиграчите му помогнаа да замине од теренот. 

  • Повредата на Донован Мичел против Пејсерси: 

Инаку, Мичел ја игра најдобрата сезона во својата кариера и бележи просек од 26,4 поени по натпревар, што е најдобро во екипата на Јута. Амбициите на Џез пораснаа и од првата позиција се надеваат на успех оваа сезона, но за тоа мора да го имаат Мичел здрав и спремен да игра. 

Најнови вести од
НБА, САД