Првата ѕвезда на Барса со позитивен тест на ковид-19

Никола

Никола Миротиќ преку својот Твитер профил им соопшти на фановите за позитивниот тест на коронавирус кој го добил во изминатите неколку дена.

Тоа значи дека тој нема да биде дел од екипата за натпреварите кои следат во период од најмалку две недели.

Ова е голем удар за тренерот Шарунас Јасикевичуис кој ќе мора да се подготвува за предизвиците без својот најдобар кошаркар. 

Каталонците и оваа година имаат екипа за највисоки успеси и ќе бидат сериозни кандидари за титулите во сите натпреварувања на кои ќе настапат.