Првакот против Црвена Звезда ќе ја започне одбраната на титулата во Евролигата

Во првото коло од Евролигата во сезоната 2022/23, актуелниот шампион Анадолу Ефес ќе го пречека регионалниот првак Црвена Звезда, додека повратникот во елитата, Партизан ќе игра против Алба од Берлин.

Утрово Евролигата ги објави двојките и термините од првото коло од елитното натпреварување, а комплетниот распоред се очекува да биде достапен до крајот на неделата.

Парови од првото коло (шести октомври): Асвел - Олимпија Милано, Панатинаикос - Реал Мадрид, Макаби - Жалгирис, Валенсија - Басконија, Баерн - Фенербахче, (седми октомври): Анадолу Ефес - Црвена Звезда, Алба - Партизан, Виртус - Монако, Барселона - Олимпијакос.