Прва победа за Македонија 3х3 во квалификациите за ЕП

3Х3 селекцијата на Македонија стигна до првата победа на квалификациите за Европското првенство во Братислава.

По поразот од Австрија во првото коло, нашите најдобри баскетчии брзо се рехабилитираа. Беа подобри од селекцијата на Унгарија. Победија со 21-12, во натпревар во кој Марко Дујковиќ доминираше со својата висина.

Го заврши со осум реализации, Христијан Ристов имаше шест, Ервин Цого пет, а Милорад Миновски уште два поени за нашиот 3х3 национален тим која сега ќе го чека исходот од последниот меч од групата Б во кој ќе се сретнат селекциите на Австрија и на Унгарија.

По победата баскетчиите имаат скор 1-1 во групата и го чекаат исходот на средбата меѓу Унгарија и Австрија. Првопласираните две селекции од четирите групи обезбедуваат пласман во четвртфиналната фаза од овие европски квалификации во 3x3.