Прва лига: Борец и Бутел триумфално во дерби дуелите во групата Б

Интересни дуели имаше во деветтиот круг од натпреварите во Првата македонска лига. 

Во групата А лидерот Вардар остана максимален со победата над Водно Санс (90-93) во СРЦ „Кале“. До триумфот гостинската екипа беше предводена од Младеновски кој уфрли 31 поен, додека кај домашните се истакна Стојанов со 23. Важен и убедлив триумф забележа Мега Баскет против Тетекс од 101-67, одржувајќи чекор со водечкиот Вардар.

Резултати од деветтото коло во групата А:

Младинец - Охрид 56-76
Мега Баскет - Тетекс ТТК 101-67
Водно Санс - Вардар 90-93
Црн Дрим - слободен

Табела: Вардар (8-0), Мега Баскет (7-1), Охрид (5-3), Водно Санс (4-4), Црн Дрим (2-5), Тетекс (1-7), Младинец (0-7). 

Во групата Б ситуацијата е многу поизрамнета и дури три екипи се на скор од 6-2, а една е на 5-2 и има меч помалку. Викендов во оваа група се одиграа две дерби пресметки. Борец Баскет триумфира против Струмица ФМЛ со 79-73 и се израмни со ривалот и Соколи на врвот. Голем триумф забележа и скопски Бутел на гостувањето кај Овче Поле од 69-76 и одржа чекор со водечките. 

Резултати од деветтото коло во групата Б:

Овче Поле - Бутел 69-76
Борец Баскет - Струмица ФМП 79-73
Спортисимо - Соколи 73-110
Струмица Ролинг - слободен

Табела: Струмица ФМП (6-2), Соколи (6-2), Борец (6-2), Бутел (5-2), Овче Поле (3-5), Струмица Ролинг (1-6), Спортисимо (0-8).