• Саше Љолес

Во возбудлив натпревар од Првата македонска лига – група „А“, екипата на Црн Дрим забележа значајна победа во „езерското дерби“ и славеше над тимот на Охрид со конечни 75-66, покажувајќи одлична партија и доминација во клучните моменти од средбата.
Ова дерби беше одлична можност за двата тима да покажат карактер и тимска игра, а резултатите од натпреварите ја одразуваат неизвесноста и конкурентноста која ја краси македонската кошарка оваа сезона.
Во истата рунда, Мега Баскет и Вардар приредија вистинска кошаркарска драма со висок резултат, при што прилепчани успеаја да го победат ривалот со конечни 111-107.
Тетекс ТТК славеше на гостувањето кај Младинец со 61-91, Борец Баскет одигра НБА натпревар и го „размонтира“ тимот на Струмица Ролинг со огромни 127-50, Струмица ФМП славеше кај Овче Поле со 59-96, а екипата на Соколи 1933 беше подобра од Бутел со конечни 74-62.