Прв триумф за кошаркарките до 18 години на ЕП Б-дивизија

Македонската женска кадетска репрезентација ја забележа првата победа на Европското првенство од Дивизијата Б, откако убедливо ја совлада селекцијата на Норвешка со 67-41 во натпревар од групата за пласман.

Избраниците на селекторот Виктор Петровски одиграа одличен натпревар, а клучот на успехот беше перфектното прво полувреме во кое Македонија целосно доминираше на теренот и изгради висока предност што рутински ја задржа до самиот крај.

Ива Колева го заврши натпреварот со 16 постигнати поени, пред Теа Трајковска и Вања Милосављевиќ со по девет постигнати поени, додека Душица Мицева додаде осум поени. Кај Норвешка, Сиена Санфорд даде 16 поени.

Последниот натпревар од групата за разигрување, Македонија го игра против селекцијата на Естонија.