• Иван Димовски
Кошаркарите на Билбао баскет го освоија својот прв трофеј во историјата и тоа европски, откако го освоија ФИБА Европа купот. Шпанскиот колектив го доби двомечот против грчки ПАОК за трофејот во ова европско натпреварување.
Грците на реваншот во Солун успеаја да победат со 84-82, ама не успеа да го надокнади поразот од седум разлика кој го претрпе во Баскија (72-65). Така, Билбао го преживеа реваншот успешно и се радуваше на првиот голем трофеј во својата историја.
Досега овој тим има освојувано само титули во второлигашка и третолигашка конкуренција, а има и едно загубено финале на Еврокупот во 2013 година од Локомотив Кубањ. Исто така, во 2011 играше во финалето на АЦБ лигата каде што загуби од Барселона.
Што се однесува до натпреварот, најефикасни со по 17 поени беа Френк Бартли од ПАОК, како и Харалд Фреј и Мелвин-Јан Панцар од Билбао.