Против „дрим-тимот“ не помага ни Јанис, САД ја реши Грција на Мундијалот

Кошаркарската репрезентација на САД не дозволи изненадување и во натпреварот против Грција успеа да слави со 69-53, со што ги продолжува настапите во четвртфиналето на Мундијалот.

Нашиот јужен сосед го имаше Јанис Антетокумпо, кој како МВП во НБА-лигата беше расположен, меѓутоа не можеше се да прави сам. „Дрим-тимот“ на Грег Попович забележа нов триумф со двоцифрена разлика, со кој се врати на првата позиција во групата.

Што се однесува до мечот, САД цело време диктираше темпо. Неизвесен беше само првиот квартал, по кој фаворитот имаше плус два (19-17), но до полувремето, САД „додаде гас“, па се одлепи двоцифрено (38-25) и ниту еднаш не ја испушти високата позитива. Грците се обидуваа да направат нешто, меѓутоа, ниту еднаш не спуштија под десет поени.

  • Извештај од натпреварот: 

Најдобар кај САД беше Кемба Вокер со 15 поени, а Мичеп даде 10 поени, додека кај Грците, Антетокумпо имаше „дабл-дабл“ од 15 поени и 13 скока, а Слукас заврши со 13 поени.