Промени во јадранското друштво: АБА лигата го враќа „фајнал-фор“ турнирот?

Кошаркарската АБА лига најави голема промена која би започнала веќе од следната сезона. „Спорт клуб“ дознава дека челните лица на натпреварувањето сакаат да воведат „фајнал-фор“ турнир, ист како во Евролигата, а оваа идеја сериозно се разгледува и од клубовите-учесници. 

Офиијалната одлука треба да се донесе на следното Собрание на АБА лигата, по што ќе биде јасно дали новиот формат ќе биде имплементиран од следната година. Завршниот турнир во јадранското друштво постоеше до средината на минатата деценија, а последен пат се одржа во главниот град на Србија, Белград. 

Оттогаш наваму, завршните мечеви се играа во форматот - четвртфинале, полуфинале и финале. Навивачите немаат ништо против оваа идеја, па затоа се очекува истата да биде официјализирана во следниот период. 

За потсетување, оваа сезона шампионската титула отиде кај белградски Партизан, кој го совлада Будуќност во финалната серија и по рекорден осми пат го освои јадранското натпреварување. 

ФОТО/PHOTO: KK Partizan