Ја напуштија Евролигата по 24 години, за да играат во ЛШ на ФИБА

Голема вест во европската кошарка, која значително ќе влијае на изгледот на Евролигата следната сезона - официјално e потврдено дека Алба од Берлин го напушта најквалитетното европско натпреварување, по години во кои беше убедливо најслабиот тим на ова првенство.

„Албатросите“ од германската престолнина сега ќе се натпреваруваат во Лигата на шампионите на ФИБА. Бидејќи проширувањето на Евролигата е сосема извесно, следната сезона треба да видиме три нови екипи од Евролигата.

Досега, главни фаворити да ги пополнат тие места се Валенсија од Шпанија и Дубаи од ОАЕ, како и Хапоел Тел Авив од Израел кој го освои Еврокупот.