• Сашо Поповски

Израелскиот кошаркарски гигант Макаби од Тел Авив потврди дека склучи соработка со Квинси Ејси.
Американецот ќе се пресели во Европа и ќе ја продолжи колонијата НБА кошаркари кои градат кариера на стариот континент. Зад себе има 337 натпревари во најсилната лига во светот каде настапуваше за Торонто, Сакраменто, Њујорк, Далас, Бруклин и Феникс.
Welcome to Maccabi @QuincyAcy
Read morehttps://t.co/NIWH6E9HLF pic.twitter.com/c1akwMiV6f— Maccabi Tel Aviv BC (@MaccabitlvBC) July 31, 2019
28-годишникот има големо искуство, а во кариерата бележи просек од 4,9 поени и 3,6 скока.