ВИДЕО: Продолженијата во „Палау Блауграна“ за Барса, уморниот ПАО капитулираше

Два титани на европската кошарка одиграа трилер натпревар во празната „Палау Блауграна“. Засилената Барса на Шарунас Јасикевичиус (се врати откако прележа ковид-19), по продолжение го совлада грчкиот Панатинаикос со 97-89, откако натпреварот во регуларниот тек заврши 75-75.

Кори Хигинс промаши шут за победа, а поените на Дејвис од одбојка беа постигнати по звукот на сирената. Сепак, во екстра-времето ротацијата на Јасикевилиус пресуди, па и без Никола Миротиќ (позитивен на ковид-19), Барса извојува победа од осум разлика.

Кори Хигинс со 24 поени беше најефикасен кај Каталонците, Брендон Дејвис додаде 20, а Ник Калатес против поранешниот клуб запиша 14 поени и по 5 скока и асистенции. Маркус Фостер со 24 поени беше најефикасен кај „детелинките“ од Атина. 

Ова е трета победа од четири натпревари за Барселона, која загуби само од Зенит во второто коло.