• Саше Љолес

Евролигата објави проценка на квалитетот на екипите пред новата сезона. Очекувано, предничат грчките гиганти од Атина, Панатинаикос и Олимпијакос, а во првите десет екипи имаше место и за белградските клубови, Црвена Звезда и Партизан.
Според проценката на аналитичарите на Евролигата, главни фаворити се екипите кои веќе години наназад се во европскиот врв, и тоа не е ништо ново.
Листа на најквалитетни екипи во Евролигата според кошаркарските аналитичари:
1. Панатинаикос
2. Олимпијакос
3. Фенербахче
4. Реал Мадрид
5. Барселона
6. Монако
7. Анадолу Ефес
8. Олимпија Милано
9. Црвена Звезда
10. Партизан
Проценката се однесува на квалитетот на составите, а не на конечниот пласман на табелата во изминатите години.
Евролигата и претходно објавуваше вакви „Power Rankings“ листи, кои претставуваат проценка на моменталната сила на екипите, а не официјална прогноза за пласманот.
Новото издание во елитното натпреварување започнува на 24 септември. Актуелен европски шампион е грчкиот Олимпијакос.