Проблемите растат, Филаделфија остана без уште една голема ѕвезда

Филадефија 76ерс никако не може да го фати посакуваниот ритам и има сѐ повеќе проблеми со повредите, а последен кој се придружи на играчите вон строј е Пол Џорџ, кој нема да настапи на следните три натпревари, јавија американските медиуми. 

Повредата доаѓа во момент кога Џорџ одигра рекордни сезонава 37 минути во победата над Шарлот со 110-104, само петта во новата НБА сезона. Меѓу повредените играчи е и првата ѕвезда на тимот, Џоел Ембид, кој подолго време е во „аут“ поради поради лични проблеми, но и повреда на коленото, па затоа 76ерс се мачат да тргнат на победнички патеки и пред нив е голема борба до крајот на регуларниот дел од сезоната. 

Ембид не играше во текот на претсезоната, а исто така ги пропушти и првите девет натпревари на стартот, но на мечевите на кои играше, бележеше просек од 19,8 поени, 7,5 скока и 3,5 асистенции. Што се однесува до Пол Џорџ, информациите велат дека повредата не е многу сериозна, но стручниот штаб е внимателен и веројатно ќе ја дозира неговата минутажа откако ќе биде подготвен за настап.