• Мартин Танасковски
Македонскиот кошаркарски претставник во АБА-2 лигата, екипата на Работнички, доживеа нов пораз во регионалното натпреварување. Центарци во вториот дуел оваа сезона паднаа пред Војводина (93-62) која е фаворит за првото место и влезот во елитата.
Без неколку играчи од ростерот и со само еден плејмејкер, Работнички не можеше да ѝ парира на Војводина која во сите четири периоди покажа класа и им нанесе тежок пораз на кошаркарите на Самарџиев.
Првиот период Војводина го доби со 28-20, а таа висока разлика остана и на полувремето (47-38). Работите се решија со одличен трет квартал за Војводина, во кој домаќинот во Нови Сад победи со двоцифрена разлика. Оттогаш, плусот за српскиот тим само растеше, за на крај да биде - поени разлика.
Најдобар стрелец на натпреварот беше Дингл од Војводина со 15 поени, го следеше Ребрача со 14 постигнати поени, додека кај десеткуваниот Работнички, Ефремовски постигна 17 поени, а го следеше Ѓуроски со 15 поени.






