Проблеми за Порзингис, Голден Стејт ја запре исплатата на неговите примања

Управата на Голден стејт Вориорс сериозно размислува за иднината на Кристапс Порзингис, а како потврда за неизвесната ситуација е и одлуката на клубот да ја запре исплатата на неговата плата.

Станува збор за договор вреден 20 милиони долари, но во клубот сметаат дека летонскиот центар во моментов не е во можност да ги исполнува обврските кон екипата.

Вориорс истовремено ги разгледуваат можностите за негова размена пред 11 февруари, кога истекува рокот за трејдови во НБА лигата.

Иако неговата здравствена состојба е сериозна пречка, договорот на Порзингис и натаму може да биде искористен во евентуална размена. Заинтересираните клубови би можеле да испратат играчи со соодветни договори во спротивна насока, а потоа да преговараат за спогодбен раскин со кошаркарот, со што би ослободиле место во составот и би ги намалиле финансиските обврски.

Порзингис ја пропушти подготовката и почетокот на сезоната поради здравствени проблеми, а според најновите информации повторно се соочува со симптоми поврзани со синдромот на постурална ортостатска тахикардија (POTS).

Состојбата очигледно ја доведе во прашање и неговата понатамошна кариера. Наводно, 31-годишниот центар сериозно размислува дури и за повлекување од кошарката, па останува неизвесно дали ќе се врати на терените или ова ќе биде крај на неговата НБА приказна.