• Зоран Мишевски
Центарот на Реал Мадрид и француски кошаркарски репрезентативец Гершон Јабуселе ќе паузира еден месец по повредата на коленото.
Французинот го скинал страничниот внатрешен лигамент на левото колено на мечот со Монако во Евролигата, па иако се уште нема прецизна прогноза се очекува негова подолга пауза.
Јабуселе се очекува да врати на натпреварите во јануари следната година. Просекот на Јабуселе сезонава во дресот на Реал Мадрид е 10,3 поени и пет скока по натпревар во Евролигата.