Проблеми за „аѕурите“ пред СП: Галинари и Датоме под знак прашалник

Првото име во италијанската репрезентација Данило Галинари ќе ги пропушти сите пријателски натпревари во пресрет на Светското првенство во Кина.

Поради операција на слепото црево, 31-годишникот ќе мора да прави пауза до крајот на август.

Болки во коленото има и Луиџи Датоме кој сепак има поголеми шанси за настап на Акрополис Купот во Атина.

Италија на Мундобасетот во групата ќе ги одмери силите со Србија, Ангола и Филипините.