Проблеми за Атаман, се повреди и другиот центар на Панатинаикос

Панатинаикос славеше победа во големото дерби против Олимпијакос во домашното првенство (78-72), но „детелинките“ од Атина добија и непријатни вести откако стана јасно дека Турчинот Омер Јуртсевен доживеал повреда на стапалото и ќе мора да отсуствува најмалку два месеци. 

Ова е нов голем удар за тренерот Ергин Атаман, кој претходно остана и без Французинот Матијас Лесор, па веројатно управата ќе побара нова замена на оваа позиција за до крајот на сезоната. 

Панатинаикос го задржа максималниот ефект во грчката лига со 15 чисти победи, додека во Евролигата е на петтото место со 13 победи и девет порази.