• Иван Димовски

Бостон Селтикс отпатуваа за делот од серијата во финалето на НБА кој се игра во Далас. За третиот финален натпревар тимот кој води со 2-0 се соочува со проблем.
Сè уште нејасно е дали центарот Криштапс Порзингис ќе заигра на третиот меч во Далас. Летонецот заработи повреда, станува збор за коленото и веројатно тоа ќе го остави Бостон без својата ѕвезда. Самиот Порзингис нагласи дека ќе даде максимум од своите можности за да може да му помогне на тимот, меѓутоа тешко е да се очекува дека ќе игра, барем на третиот дуел.
Инаку, Криштапс Порзингис се покажа како еден од клучните фактори на Бостон во походот дотука сезонава. Центарот е одлична адиција на Тејтум и Браун кои ја водат играта на тимот, а неговите добри партии под обрачите најавуваат дека Селтикси можеби ќе бидат во проблем без Порзингис.
Во првите два меча летонскиоте кошаркар комбинираше 32 поени за Бостон и фати десет скока.