• Саше Љолес

Американецот Кевин Пантер заработи повреда на Куп-натпреварот против Тенерифе и најверојатно ќе мора да паузира околу еден месец, јавија шпанските медиуми.
Неговата Барселона дожовеа непријатен пораз од Тенерифе (91-86), но поголем проблем за Каталонците е повредата на нивниот главен играч, кој сезонава бележи просек од 16,5 поени, 3,2 асистенции, 2,2 скока и 1,2 украдени топки.
Пантер го напушти мечот во третата четвртина, а медицинскиот тим кратко изјави дека „повредата на рамото не е наивна“. Ова значи дека Пантер сигурно нема да може да настапи на евролигашкото дерби против Реал Мадрид, кое е закажано за 27 февруари.